Македонците изеле околу 1,5 тон или три до четири проценти од српското брашно со микотоксини. Истото било дистрибуирано во македонските маркети во пакувања од 500 и 750 грама и завршило кај потрошувачите. Според Агенцијата за храна, најверојатно е употребено за човечка исхрана, односно за изработка на пекарски производи. Останатите осум тони се веќе повлечени од промет. Kазни ќе има ако се утврди вина кај увозниците. Но, според досегашните сознанија, пратките се стигнати со валидни резултати за исправност од Србија што потврдуваат дека брашното било во ред. Надлежните српски служби треба да ни кажат зошто резултатите од анализите покажале отсуство на афлатоксин и дали во моментот кога биле земени мострите брашното било исправно со оглед дека количеството афлатоксини се зголемува во случај на несоодветно складирање. Значи, можно е анализите да биле негативни, а во меѓувреме, во брашното да се покачиле вредностите на микотоксините ако чувањето не било како што треба.
Македонците изеле околу 1,5 тон или три до четири проценти од српското брашно со микотоксини. Истото било дистрибуирано во македонските маркети во пакувања од 500 и 750 грама и завршило кај потрошувачите.
Според Агенцијата за храна, најверојатно е употребено за човечка исхрана, односно за изработка на пекарски производи. Останатите осум тони се веќе повлечени од промет. Kазни ќе има ако се утврди вина кај увозниците. Но, според досегашните сознанија, пратките се стигнати со валидни резултати за исправност од Србија што потврдуваат дека брашното било во ред.
- Надлежните српски служби треба да ни кажат зошто резултатите од анализите покажале отсуство на афлатоксин и дали во моментот кога биле земени мострите брашното било исправно со оглед дека количеството афлатоксини се зголемува во случај на несоодветно складирање. Значи, можно е анализите да биле негативни, а во меѓувреме, во брашното да се покачиле вредностите на микотоксините ако чувањето не било како што треба - вели Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна.
Македонија вчера го испрати дописот со кој ќе ја извести Србија дека на нашиот пазар се најдени одредени количества пченкарно брашно со вишок афлатоксини. Според Рунтевски, контаминираната пченка од Србија не е искористена за производство на домашни смоки или палента.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги почна контролите со проверка на замрзнатата пченка за човечка исхрана. Резултатите покажаа отсуство на афлатоксини. Но, поради актуелната состојба во Србија, контролите беа проширени и во делот на производите од пченка - пченкарното брашно и гризот. Притоа, зголемени нивоа на афлатоксини беа најдени само во пченкарното брашно и тоа во три мостри, од тројца увозници. Резултатите за палентата и гризот се добри.
Се работи за 40 тони пченкарно брашно увезено во повеќе наврати од три различни фирми во Србија, но само 10 тони беа пуштени во промет.
За да ги засили контролите, Агенцијата, како што информира Рунтевски, издаде и наредба до граничните инспектори да се забрани пуштањето во промет на секоја пратка пченкарно брашно наменето за човечка исхрана додека не се добијат резултатите од анализите за исправност.
Целата работа почна минатата недела кога дел од лабораториите во Србија потврдија дека една третина од произведената пченка е заразена со афлатоксини. Според српските експерти, присуството на афлатоксините во пченката е предизвикано од габи што се развиле како последица на сушата, а сличен проблем имаат и земјите од опкружувањето како Унгарија, Романија и Бугарија. Овде отровот го има во помала мера, бидејќи нивните експерти навреме, пред бербата, ја воочиле појавата и презеле мерки со кои штетата е намалена.
Според експертите дел од контаминираната пченка која ги задоволува потребите за добиточна храна може да се употреби во смесите за исхрана на животните, а преостанатиот дел може да се пренасочи на производство на биоетанол или скроб. Со засилен инспекциски надзор може да се спречи контаминираната пченка да дојде во човековата исхрана.
За присуство на афлатоксини во српската пченка први предупредиле Италијанците уште во октомври. Преку европскиот систем за брзо предупредување за опасности во храната, РАСФФ, Италија на 10 октомври јавила дека враќа пратка со добиточна храна со потекло од Србија, во која се најдени афлатоксини.